Наслов на предмет: Електрични актуатори и сензори

Код: 2ЕТ105512

Студиска програма: Обновливи извори на енергија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): ETF
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: IV година/VII семестар
Број на ЕКТС кредити: 4
Наставник: Проф. д-р Стојан Рендевски
Предуслови за запишување на предметот: освоени 150 кредити

Цели на предметната програма(компетенции): Изучување на принципот на работа и свосјтвата на различни електрични сензори и акту­атори.

Содржина на предметната програма:

Видови на сензори и физички карактеристики: метални, полупроводнички, керамички, полимерни, композитни и други. Аналогни и дигитални сензори за позиционирање. Температурни сензори. Сензори за сила и притисок. Акустични сензори. Акецелерометри. Светлочувствителни сензори. Основни поими за актуатори и мотори. Карактеристики на актуатори и принцип на работа. Степер мотори. Пневматски актуатори. Хидраулични мотори. Пиезо актуатори. Електростатски и електромагнетни актуатори. Топлински актуатори. Дигитална контрола на сензори и актуатори. Сензори во процесни мерења.

Методи на учење: предавања, аудиториски вежби, изработка на семинарска работа


Вкупен расположив фонд на време:120 часови
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2 + 1 + 1
  • Предавања: 2 х 12 = 24
  • Вежби: 1 х 12 = 12
  • Друга форма на активности: 1 х 84 = 84

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 24 часови 
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 14 часови 

Други форми на активности

  • Проектни задачи: 24 часови 
  • Самостојни задачи: 24 часови 
  • Домашно учење: 36 часови 

Начин на оценување: 

  • Тестови: 70 бодови 
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови 
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F) 
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E) 
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D) 
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C) 
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B) 
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

 

Услов за потпис и полагање на завршен испит: Освени 42 бодови од парцијални испити, изработена семинарска работа и редовсност на предавања и аудиториски вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација и надворешна евалуација

Литература

Задолжителна литература
1. Ivan Piljac, Senzori fizikalnih veličina i elektroanalitičke metode, MEDIAPRINT TISKARA HRASTIĆ D.O.O, 2010

2. Ј. Fraden, Handbook of modern sensors: physics, designs and applications, Springer, 2003

3. C. Da Silva, Sensors and Actuators, CRC Press, 2007

Дополнителна литература 
1. Годфреј Ц. Онвуболу, Мехатроника, АрсЛамина, Скопје, 2009