Наслов на предмет: Кинематика и динамика

Код: 2ET100212

Студиска програма: Обновливи извори на енергија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): ETF
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: I година/I семестар
Број на ЕКТС кредити: 4
Наставник: Проф. д-р Стојан Рендевски
Предуслови за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции): Воведување на студентите во основните концепти, поими и закони во кинематиката, динамиката и термодинамиката и нивна примена во решавање на проблеми и развој на критичко и проблемско размислување.

Содржина на предметната програма: Систем на мерки, тегови и физички величини.  Референтно тело и референтен систем. Кинематика на материјална точка. Кинематика на вртливо движење. Релативност на движењето. Галилееви траснформации. Основни закони на динамиката. Инерцијални сили во неинерцијални системи. Основи на специјалната теорија на релативност. Механичка работа и механичка енергија. Гравотација. Динамика на цврсто тело. Кинематика и динамика на флуиди. Молекуларно-кинетичка теорија на гасови. Гасни закони. Основи на термодинамиката. Молекуларни појави кај течностите.

Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, изработка на семинарска работа
Вкупен расположив фонд на време:120 часови
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2 + 1 + 1
  • Предавања: 2 х 12 = 24
  • Вежби: 1 х 12 = 12
  • Друга форма на активности: 1 х 84 = 84

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 24 часови 
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 14 часови 

Други форми на активности

  • Проектни задачи: 24 часови 
  • Самостојни задачи: 24 часови 
  • Домашно учење: 36 часови 

Начин на оценување: 

  • Тестови: 70 бодови 
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови 
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F) 
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E) 
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D) 
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C) 
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B) 
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A) 

Услов за потпис и полагање на завршен испит: Освени 42 бодови од парцијални испити, изработена семинарска работа и редовсност на предавања и аудиториски вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација и надворешна евалуација

Литература

Задолжителна литература
1. Толев, М., Физика I, Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”, Скопје, 2004

2. Фукарова-Јуруковска, М., Мицевски, В., Станковски, З., Панделишев, К., Збирна на решени задачи по физика, Книга I, Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”, Скопје, 1996

Дополнителна литература 
1. Halliday, D., Resnick, R., Walker, J., Fundamentals of Physics, Wiley, 2008