Наслов на предмет: Електротехника 2

Код: 2ET100512

Студиска програма: Обновливи извори на енергија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): ETF
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: I година/II семестар
Број на ЕКТС кредити: 6
Наставник: Проф. д-р Наташа Мојсоска
Предуслови за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма(компетенции): Здобивање со знаења од електромагнетизам и кола со променливи струи

Содржина на предметната програма: 

 Теоретски наставни единици:

  1. Вовед (магнетно поле)
  2. Био-Саваров закон
  3. Амперов закон
  4. Магнетна сила, флукс и електромагнетна индукција
  5. Индуктивност (меѓусебна и сопствена), индуктивен елемент во електрично коло
  6. Енергија на магнетно поле и магнетни својства на материјата
  7. Магнетно поле во материјата, феромагнетни материјали и Максвелови равенки
  8. R,L и C елементи со простопериодични струи
  9. Сериски и паралелни кола со простопериодични струи
  10. Моќност во кола со простопериодични струи
  11. Методи за анализа на мрежи со простопериодични струи
  12. Трифазни кола

 Практични наставни единици:

  1. Пресметка на магнетна сила, флукс и електромагнетна индукција
  2. Решавање на задачи од кола со простоперидични струи
  3. Пресметка на моќност во кола со простопериодични струи
  4. Решавање на електрични кола со методот на контурни струи
  5. Решавање на електрични кола со методот на потенцијали на јазли
  6. Решавање на електрични кола со Теверенова теорема

Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, изработка на семинарска работа
Вкупен расположив фонд на време:156 часови
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2 + 2 + 1
  • Предавања: 2 х 12 = 24
  • Вежби: 2 х 12 = 24
  • Друга форма на активности: 1 х 84 = 108

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 24 часови 
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 14 часови 

Други форми на активности

  • Проектни задачи: 24 часови 
  • Самостојни задачи: 24 часови 
  • Домашно учење: 60 часови 

Начин на оценување: 

  • Тестови: 70 бодови 
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови 
  • Активност и учество: 20 бодови

 

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F) 
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E) 
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D) 
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C) 
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B) 
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A) 

Услов за потпис и полагање на завршен испит: Освени 42 бодови од парцијални испити, изработена семинарска работа и редовсност на предавања и аудиториски вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација и надворешна евалуација

Литература

Задолжителна литература
1. Леонид Грчев., Основи на електротехника- Електромагнетизам и кола со променливи струи, ЕТФ, Скопје, 2009

Дополнителна литература 
1. А. Ѓорѓевиќ., Основи електротехнике 2, Академски мисао, 2007