Наслов на предмет: Математика 2

Код: 2FI100112

Студиска програма: Обновливи извори на енергија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): ETF
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: I година/II семестар
Број на ЕКТС кредити: 8
Наставник: Проф. д-р. Татјана Атанасова - Пачемска
Предуслови за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма(компетенции):

Познавање и разбирање на основните математички концепти и теории, познавање на ИКТ во математиката, флексибилна употреба на знаење во практиката

Содржина на предметната програма: 

Неопределен интеграл – поим, методи на интегрирање. Oпределен интеграл - поим, својства, врска помеѓу определен и неопределен. Примена - пресметување на должина на лак на крива, плоштина на лик и волумен на ротационо тело. Неправ интеграл, примена. Бројни редови - критериуми за конвергенција, алтернативни редови, апсолутна и условна конвергенција. Функционални низи и редови, степенски редови. Функции со повеќе променливи(ФПП) – дефиниција, својства, график на ФПП. Непрекинатост и диференцијабилност на ФПП, парцијални изводи. Видови екстреми на ФПП, примена во техниката. Обопштување на поимот за интеграл - повеќекратни интеграли и примена. Диференцијални равенки од прв ред - поим, општо и партикуларно решение, проблем на Коши. Решавање на некои типови на диференцијални равенки од прв ред.

 

Методи на учење:Предавања, аудиториски вежби, изработка на семинарска работа

Вкупен расположив фонд на време: 216 часови

Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 3 + 2 + 2
  • Предавања: 3 х 12 = 36
  • Вежби: 2 х 12 = 24
  • Друга форма на активности: 1 х 156 = 156

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 36 часови
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 24 часови

Други форми на активности

  • Проектни задачи: 1 часови
  • Самостојни задачи: 1 часови
  • Домашно учење: /

Начин на оценување:

  • Тестови: 70 бодови
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F)
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит: Освени 42 бодови од парцијални испити, изработена семинарска работа и редовсност на предавања и аудиториски вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација и надворешна евалуација

Литература

Задолжителна литература
1. Глин Џејмс, Математика на модерен инженеринг, преводи од Влада на РМ, 2009;

2. Милан Меркле, Математичка анализа, Рачунарски факултет – Београд, 2007

3. Т.А.Пачемска, Математика 2, Авторизирани предавања, 2011

Дополнителна литература 
1. Никита Шекутковски, Математичка анализа 1, Просветно дело – Скопје, 2008

2. Боро Пиперевски, Математика 2, ФЕИТ – Скопје, 2008