Наслов на предмет: Физика

Код: 2ЕТ100412

Студиска програма: Обновливи извори на енергија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): ETF
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: I година/II семестар
Број на ЕКТС кредити: 6
Наставник: Проф. д-р Стојан Рендевски
Предуслови за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции): Воведување на студентите во основните концепти, поими и закони  во оптиката, атомската и нуклеарната физика и нивна примена во решавање на проблеми и развој на критичко и проблемско размислување

Содржина на предметната програма: Геометриска оптика. Физичка оптика. Оптички инструменти. Електронски микроскоп. Фотометрија и фотометриски величини. Топлинско зрачење. Зрачење на апсолутно црно тело.  Планков закон на зрачење.  Градба на атомот. Борова теорија на градба на атомот. Спектри. Спектроскопија. Фотоефект. Рентгенски зраци. Комптонов ефект. Де Бролиева хипотеза за бранова природа на материјата. Хајзенбергов принцип на неопределеност. Шредингерова равенка. Потенцијална бариера. Квантно- механичка теорија на атомот. Квантни броеви. Паулиев принцип.  Физика на трврдото тело. Ферми-електронска  и зонска теорија на трвдите тела. Квантна теорија на електричната спроводност. Стмулирана емисија и ласери. Структура на атомско јадро. Дефект на маса. Енергија на сврзување  на јадрото. Квантна структура на атомското јадро. Нуклеарни сили. Радиоактивно распаѓање. Природна и вештачка радиоактивност. Нуклеарни реакции. Дозиметрија на нуклеарно зрачење.

Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, изработка на семинарска работа
Вкупен расположив фонд на време:156 часови
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2 + 2 + 1
  • Предавања: 2 х 12 = 24
  • Вежби: 2 х 12 = 24
  • Друга форма на активности: 1 х 84 = 108

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 24 часови 
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 14 часови 

Други форми на активности

  • Проектни задачи: 24 часови 
  • Самостојни задачи: 24 часови 
  • Домашно учење: 60 часови 

Начин на оценување: 

  • Тестови: 70 бодови 
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови 
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F) 
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E) 
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D) 
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C) 
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B) 
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A) 

Услов за потпис и полагање на завршен испит: Освени 42 бодови од парцијални испити, изработена семинарска работа и редовсност на предавања и аудиториски вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација и надворешна евалуација

Литература

Задолжителна литература
1. Толев, М., Физика II, Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”, Скопје, 2004

2. Фукарова-Јуруковска, М., Мицевски, В., Станковски, З., Панделишев, К., Збирна на решени задачи по физика, Книга I, Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”, Скопје, 1996

3. Стивен Тортон, Модерна физика, Табернакул, Скопје, 2010

Дополнителна литература 
1. Halliday, D., Resnick, R., Walker, J., Fundamentals of Physics, Wiley, 2008