Известување за заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2017 година

За студентите од студиските програми (генерации) започнувајќи од 2009/2010 година и за сите идни генерации, заверката на парен семестар во учебна 2016/2017 година и пријавувањето на семинарски работи и испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, заверката на парен семестар и пријавувањето на семинарски работи и испити се реализира на шалтер на студентска служба (со приложување на соодветните уплатници за пријавување на  семинарски работи и испити, административна такса, како и физички пријави).

Терминот за заверка на парен семестар во учебна 2016/2017 година е од 17.05.2017 до (заклучно со) 04.06.2017 (23:59 часот). Согласно тарифникот за прв циклус на студии, за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.

Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават семинарските работи за предметите кои се изучувуваат во тековниот семестар. Согласно тарифникот за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавувањето на семинарска работа изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013.

Терминот за реализација на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2017 година е:

Пријавување на испити: Од 22.05.2017 (00:00 часот), до (заклучно со) 04.06.2017 (23:59 часот).

Полагање на испити:

    - Јунска Прва сесија 2017 година: Од 05.06.2017  до (заклучно со) 14.06.2017 и

    - Јунска Втора сесија 2017 година: Од 15.06.2017 до (заклучно со) 30.06.2017.

Резултати од испити:

    - Јунска Прва сесија 2017 година: Од 15.06.2017 до (заклучно со) 19.06.2017, и

    - Јунска Втора сесија 2017 година: Од 01.07.2017 до (заклучно со) 05.07.2017

Тарифникот за пријавување на испити по генерации е прикажан во продолжение: