Услови за запишување

Запишување на УГД

Сите заинтересирани идни студенти од странство кои сакаат своето понатамошно школување да го продолжат на УГД се добредојдени.

Приемот на студенти е преку отворен конкурс што секоја година го објавува Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Постојат три уписни рокови објавени во Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на кои идните странски студенти можат да се пријават.

Странските студенти кои сакаат да се запишат на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип треба да ги исполнат следниве услови:

  • завршено четиригодишно средно образование;

  • решение од Министерство за образование и наука за признавање на дипломата од средно образование;

  • сертификат за познавање на македонски јазик А1 и А2 ниво или потврда за познавање на македонски јазик за државјаните од балканските држави.

Деталите во врска со наведените услови можете да ги најдете во Водичот за странски студенти.

Потребни документи

ВОДИЧ ЗА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ (.pdf)

Документи што треба да се поднесат во АМБАСАДАТА на РМ

Документи што се потребни во МВР за регулирање на привремен престој во РМ