Професори од Музичката академија станаа почесни членови на Фондацијата „Томислав Зографски“

На 9 мај со студентски концерт во чест на композиторот Зографски, три професорки од Музичката академија беа прогласени за почесни членки на Фондацијата „Томислав Зографски“. Сопругата на починатиот композитор, Панда Зографска-Беличанец, им додели дипломи за почесно членство на Фондацијата на проф. д-р Милица Шкариќ, проф. м-р Валентина Велковска-Трајановска и асс. м-р Ленче Насев.

На концертот настапија студентите Бисера Иванова и Петре Штерјов од класата на проф. д-р Милица Шкариќ, заедно со специјалниот гостин од Белгија пијанистот Бенжамин Думонт. Тие ги изведоа Минијатури оп. 6 и 11, Суита оп. 27 и Сонатина ин Це за две пијана оп. 142 од Т. Зографски. Фондацијата „Томислав Зографски“ одбележува 10 години од своето постоење. На свеченоста, Фондацијата ѝ подари ноти и монографија за композиторот на Музичката академија.

 

05/06/2017
Се информираат студентите на прв циклус на студии дека рокот за заверка на парен семестар и пријавување на испити само во Јунска Втора испитна сесија 2017...