Студенти на меѓународна изложба во Романија

Студентите од ТТФ заедно со професорката Ванѓа Димитријева-Кузманоска учествуваа со свои изработки на влашки носии на Интернационалната изложба на традиционални костими во Кампулунг, Романија, организирана од Меѓународната асоцијација „Нику Хаџи“ и Букурешкиот универзитет. Тие добија признание за посебен придонес  во реализацијата на оваа изложба и покана за учество на Меѓународната изложба за дизајн на костими за автоматски трки, која ќе се одржува во јули во Романија.

Оваа меѓународна изложба се одржува традиционално петта година по ред, а нашите студенти се активно вклучени така што добиваат покани за учества  на манифестации од оваа област и во други држави.

Студентите од ТТФ изработуваат костими на различни теми за проекти кои вклучуваат ваков тип на изработки, така што имаат покани од повеќе институции за нивно учество. Практичната работа на студентите им отвора повеќе можности за вработување и за целосно реализирање.

05/06/2017
Се информираат студентите на прв циклус на студии дека рокот за заверка на парен семестар и пријавување на испити само во Јунска Втора испитна сесија 2017...