(Видео) Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ одржаа предавање и концерт во рамките на Уметничката пролет на УГД

Концерт пред штипската публика и предавање пред студентите на Музичката академија одржаа двајцата големи музичари Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. Мастеркласот двајцата виртуози го одржаа попладнето пред одржувањето на концертот, а студентите беа презадоволни од можноста да учат гитара од едни од најдобрите гитаристи на овие простори. Мастрекласот се одржа во Домот на културата во Штип, а вечерта двајцата виртуози одржаа незаборавен концерт за штипската публика. Во преполната сала на Домот на културата двајцата гитаристи беа дочекани со огромен аплауз.

- Голема благодарност до домаќините - Универзитетот „Гоце Делчев“, кои беа добри домаќини и до оваа прекрасна публика што ја има Штип. Тадиќ доаѓа директно од Лос Анџелес, јас од Скопје, и кога сме заедно ова го доживувам како празник за музиката, се надевам дека и публиката го доживеа така - истакна Влатко Стефановски.

 

Во рамките на Уметничката пролет на УГД следниот настан е концертот на бендот на Васил Хаџиманов, кој ќе се одржи на 27 мај.

05/06/2017
Се информираат студентите на прв циклус на студии дека рокот за заверка на парен семестар и пријавување на испити само во Јунска Втора испитна сесија 2017...