ПРВ уписен рок на УГД – 15-19 август

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е подготвен за првиот уписен рок за запишување студенти во прва година во академската 2016/2017 година. Првиот уписен рок ќе се реализира од понеделник - 15 август до петок - 19 август. Во академската 2016/2017 година на факултетите и академиите на УГД има вкупно 5.238 слободни места, од кои за редовни студенти во државна квота 3.335, за редовни студенти во квотата со кофинансирање 1.008 и за вонредни студенти 895 слободни места. Потребните документи, условите и термините за поднесување на документи и објавување на резултатите од уписите може да ги погледнете во Конкурсот, на следниот линк  http://www.ugd.edu.mk/pdf/konkursi/2016-2017/konkurs_I_ciklus_2016-17_1rok.pdf

Од овие уписи Универзитетот „Гоце Делчев“ на заинтересираните кандидати им нуди можност, покрај класичниот начин со поднесување на документи лично на пунктовите за уписи, да се пријават и електронски со креирање на е-пријава од страна на кандидатот. Начинот на електронско поднесување на пријави за уписите на УГД е презентиран на следниот линк http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/eugd/soopstenija/5811-pusteno-vo-upotreba-nov-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-kandidati.

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на УГД во учебната 2016/2017 г.

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии по Проектот 30/35 во учебната 2016/2017 г.

Информација за начинот на тестирање на знаењата и умеењето за упис на Академии

Телефон за информации - 032 550 840

 

ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕ И УМЕЕЊЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ НА МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА

18.08.2016 година (четврток)

-        Солфеж – 10.00 часот (Солфеж полагаат кандидатите на студиските програми: МТП, жичени и дувачки инструменти, пијано, соло пеење и етнокореологија);

-        Основи на хармонија – 11.30 часот (Основи на хармонија полагаат кандидатите на студиската програма МТП).

19.08.2016 година (петок)

-        Жичени инструменти – 10.00 часот;

-        Дувачки инструменти – 11.30 часот;

-        Пијано – 10.00 часот;

-        Пијано – МТП – 12.00 часот;

-        Етнокореологија – 10.00 часот;

-        Соло пеење – 12.00 часот,

-        Џез солфеж – 10.00 часот;

-        Џез музика – матичен инструмент – 11.00 часот.

 

*Проверката на знаење и умеење се врши во просториите на Музичката академија.

05/06/2017
Се информираат студентите на прв циклус на студии дека рокот за заверка на парен семестар и пријавување на испити само во Јунска Втора испитна сесија 2017...