Испечатете ја страната
Студентите од ФТБЛ учествуваа во организацијата на Четвртата туристичка берза

Студенти и професори од ФТБЛ активно учествуваа на Четвртата туристичка берза која беше организирана од страна на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ), а се одржа во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Туристичката берза на која учествуваа над 100 претставници од туристичкиот сектор во Македонија, како хотели, туристички агенции, ресторани, туристички водичи, винарии, пивници и превозници, беше поддржана од страна на Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, како и од Швајцарската програма за поддршка на извозот СИППО. Покрај учесниците од земјава, на берзата учествуваа и туроператори од Италија, Бугарија и Словенија.
Туристичката берза беше организирана во два дена, првиот ден беше организирана конференција со различни теми поврзани со одржливиот туризам, каде што гости предавачи беа експерти од земјава и од странство, како Швајцарија и

Англија, а вториот ден имаше организирани средби и вмрежување на учесниците од земјава. На берзата пред присутните свое обраќање имаше министерот за економија г. Крешник Бектеши, швајцарската амбасадорка г-ѓа Сибил Сутер Тејада и претседателот на НАИТМ, г. Влатко Сулев. Главната цел на туристичката берза е зголемување на свеста за важноста на дојдовниот туризам за Македонија како туристичка дестинација и подобрување на соработката помеѓу чинителите во дојдовниот туризам од Македонија и од странство во иднина.

Студентите од ФТБЛ преку оваа берза можеа да видат како е организиран дојдовниот туризам во Македонија и да се запознаат со клучните чинители на туристичкото стопанство од земјава.

Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…