Испечатете ја страната
Студентите ќе им помагаат на своите колеги кои немаат можност да купат компјутер или интернет

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“ се вклучува со акција за помош на студентите кои во ова време на криза немаат електронски уред или интернет.

Тие, заедно со другите универзитетски собранија, покренаа иницијатива за помош на сите студенти низ државата. Со оглед на состојбата сите студенти следат настава и полагаат испити преку интернет. Студентските собранија ќе им помогнат на оние студенти кои не се во можност да купат електронски уред или немаат достап до интернет.
Ова е здружена акција на повеќе универзитети од државата.

Универзитетските студентски собранија при Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Мајка Тереза“ – Скопје и „Државен универзитет“ – Тетово сметаат дека сите студенти заслужуваат еднакви услови за студирање, а наша обврска е тоа да им го обезбедиме. Студентската солидарност е доблест и императив. Не смееме да дозволиме нашите колеги да останат без можност за следење на предавањата поради финансиската ситуација во која се наоѓаат. Со цел надминување на тешкотиите во следењето на наставата, започнуваме со програма за распределба на електронски уреди и брз интернет на студентите кои не располагаат со електронски уреди и брз интернет за следење на наставата.

Пријавувањето можете да го извршите лично или тоа за вас да го стори трето лице.

Покрај пријавувањето преку линк можете да се пријавите и на следните телефонски броеви:
УКИМ: Борјан Ефтимов 071 218 791; Димитар Тромбевски 072 700 502; Деница Шошолчева 070 370 570; Петар Спасовски 070 222 161
УКЛО: Дона Петрова 070 237 347; Иванчo Тодоровски 075 615 727;
УГД: Мирко Наџаков 070 361 192;
Мајка Тереза: Хајрие Фаризи 070 720 506.

Целосниот Повик може да се најде на следниов линк:

Повик за распределба на електронски уреди и брза интернет конекција за следење на онлајн настава.

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Април 2020 12:35
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…