Испечатете ја страната
Шпаркастичната приказната на студентите од ФТБЛ продолжува!

Како продолжение на соработката меѓу Факултетот за туризам и бизнис логистика и Шпаркасе Банка АД Скопје, и доделувањето на стипендиите од Банката за најдобрите студенти, активностите продолжуваат со ангажман на нови студенти и дипломирани студенти од ФТБЛ во Банката.

Имено, платената пракса како програма е проект кој е во реализација на деканот на ФТБЛ, проф.д-р Татјана Бошков и проректорот за настава и студенти, проф.д-р Мишко Џидров една страна и Шпаркасе Банка, од друга.

Најново ангажирани се Марија Миленковска, која е дел од Секторот за односи со мали и средни претпријатија и Бојана Петковска, дипломиран менаџер по бизнис логистика ангажирана во Секторот за население, служба за поддршка на продажбата.

“Особено задоволство ми е што Шпаркасе Банка АД Скопје има соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.На најдобрите студенти од овој факултет им доделуваме стипендии и можност за пракса, тренинг и обука во областа на банкарското работење.

Од соработката очекуваме заемни бенефити, можност за соработка со најдобрите студенти и нивно активно вклучување во извршување на секојдневните обврски и активности во Банката, со што тие би се стекнале со почетно искуство кое ќе ги унапреди во уште подобри студенти.

Од практикантите очекуваме посветеност, ангажман и желба за учење и унапредување во работата при извршување на праксата, a од наша страна ќе им се овозможи на најдобрите практиканти можност за идно вработување и кариера во Банката.” – изјави директорот г-дин Перица Глигоријевски.

“Нашите студенти се млади и амбициозни луѓе, а ние веруваме во нивниот потенцијал кој е неопходен да се канализира кон бизнис секторот и на тој начин да им помогнеме полесно и побрзо да биде детектиран од страна на работодавачите. Заедно со Шпаркасе Банка на студентите од ФТБЛ им ги нудиме најдобрите услови да бидат дел од окружување во кое лесно се учи, напредува и усовршува. Токму оваа програма служи за препознавање на квалитетот и амбицијата на нашите студенти, a со тоа и можноста да се вработат во Банката.

Затоа, верувам дека преку ваквите програми на кои интензивно работиме како Факултет ќе допринесеме за уште поголема стручност и професионалност на младите кадри.

Вмрежувањето на студентите е препознатлив успех на ФТБЛ!” – изјави проф.д-р Татјана Бошков, декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Последен пат изменето на Петок, 31 Декември 2021 10:28
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…