Пристапното предавање ќе се одржи во 12 часот, на тема „АЛШАР – нови форми на живот“. Свечениот собир ќе го отвори академик Дончо Димовски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ, а за научната активност на проф. д-р Блажо Боев ќе говори академик Глигор Јовановски. По пристапното предавање ќе биде промовирана и монографијата „АЛШАР – светско природно наследство“. Промотори се академик Владимир Берманец и проф. д-р Доне Гершановски, а пригодна реч ќе има академик Таки Фити, претседател на МАНУ.