Професори од правните факултети во Скопје и во Штип им ги презентираа можностите на новиот закон на младите правници од УГД и на сите останати заинтересирани.
Правниот факултет на УГД беше домаќин на правни експерти кои пред студентите ги претставија можностите на Законот за заштита на укажувачите. Настанот беше организиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ во рамките на проектот „Ќе има ли ’свиркачи’ на универзитетите? Можностите на Законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во РМ“.
Професори од правните факултети во Скопје и во Штип им ги презентираа можностите на новиот закон на младите правници од УГД и на сите останати заинтересирани.