Први пред публиката ќе излезат одбојкарите на „УГД студент“, кои во првото коло од Првата одбојкарска лига во 16 часот ќе го започнат натпреварот со актуелниот државен првак „ЏИО Струмица“. По завршувањето на овој натпревар, во 18 часот на распоредот е натпреварот од второто коло на Првата женска одбојкарска лига, во кој се среќаваат „УГД студент“ и „Пелистер“ од Битола.