Во организација на Институтот за историја и археологија на Факултетот за образовни науки и Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип се одржа трибината на тема „Идентитетот во средниот век“. Трибината е дел од серијалот предвидени трибини насловени како „Идентитетот низ историјата“.
На трибината свои излагања имаа доц. д-р Стојко Стојков од Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки во Штип и д-р Дарко Стојанов од Институтот за национална историја во Скопје. Трибината во целост може да се погледне на следното видео.