Уредот има метална плоча од седум метри со којашто управуваат специјални клипови и може да направи бранови долги 300 метри, широки до 5 метри и длабоки до 9 и пол метри.
Уредот има резервоар од 9 милиони литри вода, односно капацитет на 4 олимписки базени кои се полнат со 1.000 литри во секунда.
Холандија како земја во која половина од населението живее на ниските подрачја има врвни стручњаци за заштита од бранови и бури.