Холандија ги направи најголемите бранови во светот

Холандија направи уред кој е во состојба да ги произведе најголемите бранови во светот. Целта на овој уред е да се тестира издржливоста на различни видови насипи кои се користат како заштита од бранови и бури.

Уредот има метална плоча од седум метри со којашто управуваат специјални клипови и може да направи бранови долги 300 метри, широки до 5 метри и длабоки до 9 и пол метри.
Уредот има резервоар од 9 милиони литри вода, односно капацитет на 4 олимписки базени кои се полнат со 1.000 литри во секунда.
Холандија како земја во која половина од населението живее на ниските подрачја има врвни стручњаци за заштита од бранови и бури.

Последен пат изменето на Понеделник, 19 Октомври 2015 12:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…