Трудот открива до сега незабележана врска помеѓу имунолошкиот систем и мозокот, односно централниот нервен систем кај глувците.
Научниците кои дојдоа до ова откритие се уверени дека истиот систем постои и кај човекот.
Преку набљудување и испитување на мозочните мембрани на глувците се откриле тенки, до сега неоткриени лимфни садови. Како до сега научниците не ги забележале овие садови низ кои тече лимфа која носи лимфоцити – главните елементи на одбранбениот систем на организмот?
Тајната е во начинот на дисекција на мозочната мембрана.
Научниците од Вирџинија првпат ја отстраниле целата мозочна мембрана заедно со скалпот на глушецот, а потоа извршиле дисекција. На овој начин, тие забележале мрежеста структура која со понатамошните испитувања се покажала како лимфен систем.
Доколку ова откритие се потврди и кај човекот, болестите како што се Алцхајмерова болест или мултипна склероза ќе бидат гледани од сосема поинаков агол и ќе добијат потенцијални нови пристапи во лекувањето.
Извор: popsci.rs/