Врската помеѓу мозокот и имунолошкиот систем

Тим на истражувачи од Универзитетот во Вирџинија објави труд за врската помеѓу нервниот и имунолошкиот систем.

Истражувањето што е објавено во престижното списание „Натур” кон почетокот на јуни 2015 година може во целост да го промени начинот на којшто гледаме на невролошките и автоимуните болести.

Трудот открива до сега незабележана врска помеѓу имунолошкиот систем и мозокот, односно централниот нервен систем кај глувците. 

Научниците кои дојдоа до ова откритие се уверени дека истиот систем постои и кај човекот.

Преку набљудување и испитување на мозочните мембрани на глувците се откриле тенки, до сега неоткриени лимфни садови. Како до сега научниците не ги забележале овие садови низ кои тече лимфа која носи лимфоцити – главните елементи на одбранбениот систем на организмот?

Тајната е во начинот на дисекција на мозочната мембрана.

Научниците од Вирџинија првпат ја отстраниле целата мозочна мембрана заедно со скалпот на глушецот, а потоа извршиле дисекција. На овој начин, тие забележале мрежеста структура која со понатамошните испитувања се покажала како лимфен систем.

Доколку ова откритие се потврди и кај човекот, болестите како што се Алцхајмерова болест или мултипна склероза ќе бидат гледани од сосема поинаков агол и ќе добијат потенцијални нови пристапи во лекувањето.

Извор: popsci.rs/

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 13:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…