Испечатете ја страната
Фотографии што ќе ве однесат на Марс

Индискиот орбитер, кој пред две години беше лансиран на Марс, во јули годинава испрати неверојатни 3Д фотографии на гигантски кањон на Марс. Кањонот е долг 317 километри, широк 62 километри и за осум пати подлабок од најголемиот кањон во Северна Америка.

Индискиот орбитер го носи епитетот „нискобуџетен“, затоа што е најевтиниот орбитер кој воопшто некогаш е направен и лансиран во вселената и чини само 74 милиони долари, далеку помалку од буџетот од 100 милиони долари издвоен за филмот „Гравитација“ и шест пати помалку од средствата што НАСА ги издвои за својата мисија на Марс.

 

Последен пат изменето на Среда, 04 Ноември 2015 12:03
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…