Индискиот орбитер го носи епитетот „нискобуџетен“, затоа што е најевтиниот орбитер кој воопшто некогаш е направен и лансиран во вселената и чини само 74 милиони долари, далеку помалку од буџетот од 100 милиони долари издвоен за филмот „Гравитација“ и шест пати помалку од средствата што НАСА ги издвои за својата мисија на Марс.