Едно од полињата на соработка е организирањето на додипломските и дипломските студии, преку размена на информации за студиските програми, размената на наставнички кадар и на студенти, како и развој на наставата и истражувањето преку организирање на заеднички истражувачки проекти и размена на резултатите од истражувањата. Исто така, со Договорот е предвидено да соработуваат студентите и студентските организации во полето на академските, културните и спортските активности, како и заеднички да се организираат научни и професионални состаноци, конференции и симпозиуми.