„Апоптоза е програмирано стареење и умирање на нашите клетки, од што зависи должината и квалитетот на нашиот живот. Ако ние во текот на животот не го знаеме тоа и не ги превенираме ризикофакторите кои можат да нѐ уништат, си го скратуваме својот живот. Сите делови од нашиот организам, сите клетки со првиот здив почнуваат да стареат, ама тоа стареење зависи од тоа како живееме, како се храниме, колку има стресови, колку спорт... Должината на нашиот живот зависи од тоа како ние ги исполнуваме или не тие стресогени фактори, оти тие или ни го скратуваат или ни го продолжуваат животот. Хомеостазата пак значи програмирано надгледување на сите наши метаболитни функции. Во мозокот има една регија која има центри и таа прави хармонија меѓу психата и телото. Ако не постои таа хармонија, ние сме надвор од тој закон и ќе живееме еден дисхармоничен живот. За жал, кај нас постои една пролонгирана стресогена состојба и тоа има огромно влијание. Кај матурацијата пак се важни воспитанието, образованието, едукацијата, учењето, што заедно го прави филот на една личност – инкорпорацијата на социјални, морални, етички и духовни норми, што е всушност комплетното зреење на една личност. Тука е и законот на посилниот, кој мене лично не ми се допаѓа, но постои - опстојувањето на малите народи е секогаш зависно од големите сили. Но тоа не значи дека треба да се откажеме, туку да го употребиме умот наместо силата за да опстанеме“ - вели Чепреганов.
Чепреганов има напишано 65 монографии за мозокот и за сите функции на мозокот, тоа се над 20.000 страници, а од нив 40-тина ќе подари на Факултетот за медицински науки. Повика секој лекар што ќе посака од неговите книги, слободно да побара и ќе добие, без надомест.