Гостувањата на професорите се дел од соработката што доц. д-р Трајче Стојанов, професор на Факултетот за образовни науки, ја има со Центарот за вера и култура во Скопје.
Двајца професори од Оксфорд вчера одржаа предавања пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Едно од предавањата беше на тема „Образовниот систем во Велика Британија“, а го одржа проф. Кејт Сигрејв. Второто предавање беше на тема „Моралниот карактер според Кант“, го одржа Карл Хилдебранд. Првото предавање можете во целост да го проследите во видеото во продолжение.
Гостувањата на професорите се дел од соработката што доц. д-р Трајче Стојанов, професор на Факултетот за образовни науки, ја има со Центарот за вера и култура во Скопје.