Настанот се одржа на Приватниот универзитет ФОН, а станува збор за Петтата годишна конференција на македонскиот модел на Обединети нации 2016. Настанот беше организиран од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со волонтерите на Мировниот корпус во Македонија. На конференцијата имаше учесници од Македонија и од Косово. Поделени во осум комитети, меѓу кои Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНИЦЕФ, УНДП и УНХЦР. На конференцијата учествуваа околу 120 млади кои дебатираа на англиски јазик, а на крајот од секој комитет беше избран најдобар делегат.