Настанот се одржа на Приватниот универзитет ФОН, а станува збор за Петтата годишна конференција на македонскиот модел на Обединети нации 2016. Настанот беше организиран од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со волонтерите на Мировниот корпус во Македонија. На конференцијата имаше учесници од Македонија и од Косово. Поделени во осум комитети, меѓу кои Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНИЦЕФ, УНДП и УНХЦР. На конференцијата учествуваа околу 120 млади кои дебатираа на англиски јазик, а на крајот од секој комитет беше избран најдобар делегат.
Студентите од УГД на симулација на Обединети нации
- - Јун 15, 2016

На симулација на конференција на Обединетите нации учество зедоа и студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“. Од Штип имаше еден тим на кој му беше доделено на симулацијата да ја претставува Народна Република Кина.
Во тимот имаше тројца студенти од Универзитетот „Гоце Делчев: Трајче Арсов, студент на Правниот факултет на насоката Применета политика и дипломатија, Бисера Срцева од Факултетот за образовни науки на насоката Историја со археологија и Билјана Горгиева од Филолошкиот факултет - насока Германски јазик и книжевност.
Одбележен под