Благој сега живее и работи во Германија, а деновиве престојуваше во Штип, каде што реализираше краток курс за забните техничари од трета година. Темата на курсот беше изработка на фиксна конструкција со нанесување на композитни маси. Ваквата пракса Факултетот за медицински науки има намера да ја продолжи и во иднина, со средби и курсеви на дипломирани студенти со актуелните студенти на факултетот. Во случајов, соработката ќе се прошири со можност студенти од УГД да се испраќаат на пракса во Германија за да можат да ги надградат своите практични знаења во областа на протетиката.