Дипломец на ФМН одржа курс за студентите-протетичари

Некогашните студенти на УГД кои ги поминале студентските денови и се здобиле со диплома на некој од факултетите и академиите испишуваат успешни приказни во земјава, но и пошироко. Таков е примерот на Благој Давитков, дипломиран студент на Факултетот за медицински науки, насока Забен техничар и протетичар.

Благој сега живее и работи во Германија, а деновиве престојуваше во Штип, каде што реализираше краток курс за забните техничари од трета година. Темата на курсот беше изработка на фиксна конструкција со нанесување на композитни маси. Ваквата пракса Факултетот за медицински науки има намера да ја продолжи и во иднина, со средби и курсеви на дипломирани студенти со актуелните студенти на факултетот. Во случајов, соработката ќе се прошири со можност студенти од УГД да се испраќаат на пракса во Германија за да можат да ги надградат своите практични знаења во областа на протетиката.

Последен пат изменето на Петок, 19 Април 2019 09:57
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…