Испечатете ја страната
Ова се дел од студентските приказни на УГД

Четворица студенти од УГД се претставија на денешниот настан по повод Денот на македонските студенти. Студентите Емил Павлов, Страхил Тодоров, Андријана Мижорова и Илија Белистојановски пред присутните ги претставија своите студентски приказни.

- Јас сум апсолвент на Филолошкиот факултет. Мене УГД ми помогна да се стекнам со големо искуство и да настапам на голем број натпревари во областа на каратето. УГД ми помогна да настапам на светски и европски првенства. Можам да кажам дека тие првенства беа отскокна штица во мојата кариера и ми помогнаа многу да продолжам да постигнувам резултати во мојата кариера.изјави Емил Павлов, кој е каратист и студент на УГД

Тој со присутните го сподели своето искуство од светските и европските првенства и ги мотивираше сите студенти да се занимаваат со спорт. Покрај Емил, се претстави и студентот Страхил Тодоров кој е апсолвент на Факултетот за медицински науки.

- Денес како резултат на празнувањето на Денот на македонските студенти добив покана и секако со задоволство ја прифатив да бидам дел од овој настан. Во текот на студирањето имам неколку свои студиски престои во Португалија, Германија и во Србија. Особена чест и задоволство ми е што овие шест години ги поминав на Факултетот за медицински науки и благодарност до овој Универзитет. Во иднина желба ми е да специјализирам кардиологија. Моментално работам на мојата дипломска работа од областа на интервентната кардиологија.истакна Страхил Тодоров

Страхил пред своите колеги порача дека успехот се состои од многу мали победи и посочи дека сите работи што ги прават студентите во текот на студирањето се дел од некои мали победи.

Од Факултетот за туризам и бизнис логистика се претстави студентката Андријана Мижорова.

- Моментално сум на постдипломски студии на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Овој Факултет ни овозможува добри услови за студирање и многу пракса. Јас лично поминав одлични студиски престои во Шпанија и сум еден од најдобрите студенти на овој факултет. Моментално дипломата ми помогна да влезам во меѓународна програма на интернационалната организација за мигранти.

На презентацијата се претстави и студентот Илија Белистојановски од Музичката академија, но поради неможноста да присуствува тој имаше свое видео излагање. Тој со својот одличен глас настапувал на сцената на Македонската опера и балет, каде што освоил голем број награди и признанија. На видеото подолу можат да се видат дел од студентските приказни и нивните презентации.

Покрај студентските приказни, денес беше презентиран и порталот на УГД http://life.ugd.edu.mk.

 

Последен пат изменето на Петок, 11 Декември 2015 09:29
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…