Испечатете ја страната
Преку анкета студентите ќе можат да го кажат своето мислење за УГД

Во тековната недела, од 18 април заклучно со 30 април, до 24 часот, на платформата за е-учење на УГД за прв циклус студии на секој факултет е отворена анкета за студентите.

- АНКЕТА (- Ф - кратенка од факултетот)

Студентите на прв циклус студии треба да се запишат на курсот АНКЕТА на платформата за е-учење на својот факултет и да го пополнат прашалникот кој се однесува на условите за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Со пополнувањето на прашалникот студентите имаат огромно влијание во процесот на евалуација на Универзитетот, кој е во фаза на својата трета самоевалуација за периодот 2013-2015 година. Анкетата може да се реализира од секој компјутер со најавување во системот на е-учење на соодветниот факултет.

Клучот за запишување на курсот е: anketa.

Податоците од реализираната анкета се анонимни!

Мислењето на студентите е од огромна важност за просперитетот на Универзитетот.

Последен пат изменето на Четврток, 21 Април 2016 15:47
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…