Предавањето го одржа д-р Стојан Коцев, доктор на науки на менаџмент и долгогодишен директор на Македонски телеком АД – претставништво во Штип. Студентите имаа практична демонстрација на сплајсување на оптички влакна со механички и фузионен сплајсер од страна на Александар Стојанов, вработен во компанијата „Ериксон“. Дел од студентите пробаа како се врши сплајсување на оптички влакна со двете методи.