Работилница на тема – Иновација во истражувањето

Во рамките на заедничкиот проект и иницијатива DIM-ESEE 2, Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство при Универзитетот во Загреб, Хрватска, заедно со своите партнери организира иновативна работилница за најновите иновации и напредок во истражувањата на минералните суровини, а во рамките на Дубровничката интернационална школа (DIM-ESEE 2).

DIM ESEE2 leaflet

DIM ESEE2 poster

Целта е да се подобрат претприемачките и иновативните капацитети на дипломирани студенти и алумни на високообразовни институции во регионот од организирање на следниве теми:

  • Иновации во истражувањето (20 - 22 октомври 2021 година),
  • Иновации во процесите на карактеризација на рудни тела (19 - 21 октомври 2022 година),
  • Иновации во екстракција (18 - 20 октомври 2023 година) и
  • Иновации во обработка на руда (16 - 18 октомври 2024 година).

Иновативната работилница „Иновациите во истражувањето“ се фокусира на иновативни решенија за иновација и истражување на минерали преку поделен модул во три дена:

  1. Главни предизвици и потреби при иновативно истражување на минерали и Роботизација;
  2. Техники засновани на далечинско и сензори и нивни примена во конструкцијата на 3Д модели;
  3. Напредни геофизичка обработка на податоци и геостатистички методи и нивните иновативни апликации за истражување на минерали.

   Проектот е во организација на овие институции:

  • Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Факултет за природни и технички науки;
  • Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина;
  • Геолошки завод на Црна Гора, Црна Гора;
  • Државниот технички универзитет во Атина, Грција;
  • Универзитет за рударство и геологија „Св. Иван Рилски”, Бугарија;
  • Универзитет во Белград, Рударско-геолошки факултет во Белград, Србија;
  • Универзитетот во Мишколц, Унгарија;
  • Монтан универзитет во Леобен, Австрија;
  • Државен технички универзитет, Днепарска политехника, Украина;
  • Tехничкиот универзитет во Кошице, Словачка;
  • Геоекономикс, Бризбејн, Австралија;
  • Универзитет за политехника, Тирана, Албанија;
  • Универзитет во Лиеж, Белгија, и
  • Заводот за градежништво, Словенија.

На работилницата имаат можност да аплицираат професионалци и останати заинтересирани и од Северна Македонија. Повеќе информации и регистрација на следниот линк: REGISTRATION AND FEES | DIM ESEE SCHOOL | IUC DUBROVNIK (dim-esee.eu).

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…