На 15 и 16 декември 2016 година, во хотел „Инекс Горица“ – Охрид се одржа Меѓународна научна конференцијата „Современите концепти на кризниот менаџмент“ во организација на Центарот за управување со кризи, заедно со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Џонс Хопкинс“ (”Johns Hopkins“), Факултетот за образовни науки (САД), како и Универзитетот „Колеџи Бизнеси“ (”Kolegji Biznesi“) – Приштина, а со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
На конференцијата беа опфатени теми поврзани со мигрантската/бегалската криза, системот на кризен менаџмент во Република Македонија, улогата на Армијата во кризниот менаџмент, кризниот менаџмент во земјоделието, во образованието и др., при што беа разменети мислења и искуства поврзани со глобалните и регионалните безбедносни предизвици.
На конференцијата присуствуваа претставници од академската заедница, владините институции, граѓанските организации и приватниот сектор од Република Македонија и од странство.