Петок: 18 февруари 2022 година, 19:00 часот | Europe House
Линк за следење на настанот: https://us02web.zoom.us/j/85440691308
Како и секоја година, „Ноќта на идеите“ и годинава има за цел размена на идеи помеѓу интелектуалците од различни земји, култури и генерации.
Седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ има за тема живот по пандемијата, а целта на дебатата е да се обмислат отпорноста и обновата на општествата соочени со комплексни предизвици во време на пандемија, потоа да се поттикнат солидарноста и соработката меѓу поединците, групите и државите, како и мобилизацијата на граѓанските општества и надминување на предизвиците.
Францускиот институт во Скопје му се приклучува на овој голем настан поканувајќи тројца интелектуалци кои ќе дадат свои видувања на неколку прашања.
Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?
Каква визија можеме да имаме денес за иднината?
Како да се возобнови животот по овие долги периоди на затворање?
Учествуваат:
- г. Пјер Касу Ногуес, француски филозоф, професор на Универзитетот „Париз 8“ и автор на повеќе дела,
- проф. д-р Ана Димишковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и
- проф. д-р Емилија Јаневиќ, професор на Факултет за медицински науки во Штип.
Дебатата е со симултан превод.