На 8.2.2017 година во просториите на наставниот центар на УГД во Скопје, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ), Никола Димитров, и извршниот директор на Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ), г-ѓа Биљана Пејоска-Ристеска потпишаа Договор за соработка. Според Договорот, ФТБЛ стана придружна членка на СКТМ со што се создадени предуслови за започнување заеднички иницијативи за соработка.