Делегацијата на Инженерската институција на Македонија беше предводена од проф. д-р Христина Спасевска, која е и декан на Факултетот за електротехника и информатички технологии. На средбата се разговараше за признанието „Инженерски прстен“ кое секоја година Претседателот на Р Македонија им го доделува на студенти од техничките факултети. Во минатите години, добитници на вакво признание беа и студенти од факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.