Ректорот Боев во Хрватска е заедно со претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, и потпретседателот, Луан Старова. Во рамките на посетата, Боев оствари средба со претседателството на Хрватската академија на науките и уметностите на која се разговарало за соработката меѓу двете институции, како и за соработката што Универзитетот „Гоце Делчев“ може да ја оствари со ХАЗУ.