Боев и Бочварски притоа разговараа за соработката што треба да ја имаат УГД и Локалната самоуправа, со оглед на тоа што Универзитетот чини еден извонредно значаен дел од целокупниот живот во градот, како и пошироко во регионот. Претходно, ректорот и градоначалникот присуствуваа на приредбата на децата од штипските детски градинки за децата со посебни потреби која се одржа на платото пред Ректоратот на УГД во Ново Село. Овој настан се одржа во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип - 8 ноември.