Писателката имаше средба со студентите на Катедрата за германски јазик и книжевност во Штип. Преку литературно читање на извадоци од нејзиниот најнов роман „Еssen Tоte Erdbeerkuchen“ („Јадат ли мртвите колачи со јагоди?“) на студентите им беше презентиран еден сегмент од австриската култура, а дискусиите со писателката беа од голема полза за развивање на критичкиот дух и на комуникациските вештини кај студентите.