На свеченоста беше кажано дека oсновна мисија на Факултетот за безбедност е да придонесеме за зголемување на стабилноста и безбедноста во општеството преку учење, создавање на професионален кадар и спроведување на истражувања и развојни активности во полето на образованието, науката и безбедноста. Од страна на деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски, на ректорот проф. д-р Блажо Боев му беше доделена плакета и благодарница за успешната соработка што ја имаат УГД и Факултетот за безбедност.