Испечатете ја страната
Компании преку онлајн предизвици ќе регрутираат квалитетни студенти за работа

Компанијата „HFour“ која одржа своја работилница на Факултетот за информатика при УГД ги едуцираше студентите за областа на онлајн безбедноста и постави предизвик преку кој сака да ги пронајде најквалитетните студенти.

  • На вакви настани студентите ќе добијат едно знаење преку практична работа. Преку нашиот онлајн предизвик тие ќе се обидат нешто да прават и со тоа ќе добијат знаење. Ова знаење многу се бара. Покрај тоа ние не криеме дека дел од нашиот настан е да идентификуваме потенцијални нови колеги. Тоа не е тајна. Во секој ваков настан тоа е една од темите. Ние би сакале да разговараме со луѓето. Кој ќе биде поуспешен во предизвикот ќе има можност, доколку сака да продолжи да разговара со нас - изјави Божидар Спировски од компанијата „HFour”.

Сајбер безбедноста е област која ќе биде многу барана во иднина, како во Македонија, така и во странство ќе недостасуваат кадри од овој профил.

  • Според интернационални истражувања се вели дека до крајот на 2020 година ќе фалат 3,5 милиони работници во подрачјето на сајбер безбедноста. Ова само по себе укажува дека е многу барана професија, а еден од проблемите е што луѓето не знаат што вклучува сајбер безбедноста, па не се одлучуваат да станат професионалци во оваа област. Сајбер безбедноста е голема и широка гранка за која ќе има сѐ повеќе и повеќе потреба - изјави Маријан Стојнев од компанијата „HFour”.

Работилницата се одржа денес во Кампус 2 на Факултетот за информатика. Онлајн предизвикот од областа на сајбер безбедноста може да се најде на следниов линк: https://swisscheese.hfour.mk

Последен пат изменето на Четврток, 18 Април 2019 12:01
Одбележен под
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…