Новинарска делегација од Регионалниот центар на новинари „Исток“ во Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип му го врачи признанието за најдоброто во науката на академик проф. д-р Блажо Боев, ректор на УГД. Регионалниот центар беше претставен од претседателот Тони Михаилов и членовите Игор Стојанов, Александар Максимов и Иван Бојаџиски.
Академик Боев беше службено спречен да присуствува на манифестацијата „Најдоброто од истокот“ во избор на новинарите од регионот, која се одржа на 5 овој месец на МСУ во Свети Николе, а денес со убави зборови тој им се заблагодари за, како што рече, „големото признание кое доаѓа од новинарите кои ги следат активностите во регионот“.
Признанието на академик Блажо Боев