Испечатете ја страната
Филолошки факултет го одбележа Светскиот ден на поезијата

Со настан насловен „Плати кафе со поезија“ денес Филолошкиот факултет заедно со Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ го одбележаа 21 март - Светскиот ден на поезијата.

Настанот се одржа во Универзитетскиот ресторан, каде што заедно со шолја кафе се рецитираше и пишуваше поезија од студенти, средношколци и заинтересирани млади.

- Целта ни е на едно место да ги собереме сите љубители на јазикот, на убавиот збор и да ги мотивираме што повеќе да творат и пишуваат. Без јазик мислата останува неистражена маглина во која сите ние се наоѓаме. Денес нашите студенти и нашите средношколци, односно нашата младина ќе се обиде да го каже некажаното со свои зборови - изјави деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Кузмановска.

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“, исто така, се јави како организатор на овој настан со цел да се одбележи Светскиот ден на поезијата.

- Се надеваме дека со ова ќе придонесеме за поголемо промовирање на поезијата во општествениот живот и афирмирање на ставот дека литературата е мост за сплотување, за обединување и градење на трајни вредности. Нашето задоволство е големо што имаме соработка со факултетот и студентите од УГД - изјави Соња Манева од Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ - Штип.

Настанот се одржа во Универзитетскиот ресторан, а беа присутни голем број студенти и средношколци кои дојдоа со подготвени парчиња поезија, а некои од нив твореа на настанот.

 

Последен пат изменето на Петок, 22 Март 2019 14:39
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…