„Масеив“ е трио составено од млади, но исклучително квалитетни музичари од Хрватска. Формирани се во 2006 година и од тогаш до денес настапиле на бројни фестивали во Хрватска и во регионот. Досега и како поединци и како група имаат освојувано бројни награди. Триото е составено од Марко Бишкун на клавир, Себастиан Тарбук на фагот и Иван Андријевиќ на кларинет. Тројцата се соработници на Музичката академија при Универзитетот во Загреб.