Испечатете ја страната
Музичката академија учествува на „Jazz Factory Festival 2021“

Професори и студенти од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе учествуваат на четвртото издание на Интернационалниот џез фестивал „ Џез фабрика фестивал Битола 2021 - Jazz Factory Festival“, кое ќе се одржи  од 1 до 3 јули 2021 на сцената на НУ Народен театар Битола.

На отворањето,  на 1 јули во 20 часот, концертна  промоција и премиерна изведба на новиот албум „Melody Rhymes 2021” ќе имаат „Васил Хаџиманов трио“ RS/МК/CA (Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски, Александар Секуловски).

Во рамките на фестивалот, на 3 јули во 10 часот, во Народен театар Битола ќе се одржи Конференција (хибридна) во организација на Асоцијација на џез фестивали. На неа како презентер ќе учествува професорката Ема Попивода, а како учесници студенти од Џез одделот на Музичката академија на УГД.

ЏФФ Битола e единствен џез фестивал во Битола, со сериозна меѓународна програма (во прилог) се етаблираше на македонската и европската џез сцена како фестивал кој ја негува современата и прогресивна музика со фокус на промоција на македонските џез артисти и нивните најнови изданија, што ја става Битола во листата на градови со џез култура, придонесува кон културната децентрализација и меѓународна промоција на Општина Битола.

Фестивалот има автентичен пристап кон промовирање на џез-културата, спојување помеѓу едукативни работилници, мастер класови, музичка индустрија и новинарство, вмрежување и регионална соработка и промовирање домашни и регионални џез изведувачи.

ЏФФ Битола е член на програмата МОСТ – Будимпешта – проект поддржан од Европската Унија во делот за Кеативна Европа и ЕФФЕ – Брисел - Европска асоцијација на фестивали, како и Регионалната асоцијација на џез фестивали (Р Србија, Р Црна Гора, Р Албанија и

РС Македонија).

Џез културата е стожер на социјални и општествени промени, запознавање на нови култури, градење на современо Европско општество за сите, универзален јазик кој глобално го разбираме, кој не зближува и обединува без оглед на национална или верска припадност.

Последен пат изменето на Среда, 16 Јуни 2021 13:24
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…