Испечатете ја страната
Дуо „Грациозо“ со дела од македонски автори се претстави во Штип

Уште еден успешен настап на дуо „Грациозо“, кое е во состав: д-р Невенка Дуковска (пијано), вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и м-р Кристина Палија (сопран).

По неодамнешниот концерт во Србија, дуото деновиве се претстави пред многубројната штипска публика во акустичната галерија „Безистен“. За разлика од настапот во Србија овде беше претставена програма со звуци од современата македонска културна ризница.

Како гостин на концертот се претстави младата талентирана виолинистка Памела Велкова.

Цел на концертот е да се актуализира и фаворизира оваа музика сѐ повеќе, алудирајќи на тоа како уметноста и музиката доаѓаат од културниот идентитет на нациите и претставуваше манифестација на фолклорните идиоми преточени во современата класична музика.

Во програмата беа вклучени дела од авторите С.Стојков, Т.Зографски, Т. Скаловски, Д. Шуплевски, Т. Прокопиев и сплет од фолклорни македонски песни преточени во современ класичен аранжман на С. Иванов, кој на овој концерт ја имаше премиерната изведба.

Настапот е проект кој е финансиран од Министерство за култура на РС Македонија.

Инаку дуото бележи значајни настапи и ја промовира современата музика не само низ нашата држава, туку и надвор од неа. Позначајни концерти се неколкугодишните по ред настапи низ Мароко и низ Австрија, концертна турнеја низ Словенија, како и Шпанија, Италија, Србија и Бугарија.

Последен пат изменето на Понеделник, 05 Јули 2021 10:29
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…