Испечатете ја страната
Актуелните трендови во високото образование

Во изминатиов период Универзитет „Гоце Делчев“ беше дел од европската Конференција „Актуелните трендови во високото образование“. Конференцијата има за цел интернационализација на високото образование и усвојување на некои правила во образовниот процес кој ќе значи хармонизирање на високообразовните институции на ниво на Европа.

Дел од темите на оваа Конференција беа и придобивките за домашните и за странските студенти од интернационализација на високото образование, а имаше и неколку работилници кои се однесуваа на креирање на политики за обликување на високото образование и меѓукултурно разбирање на различните високообразовни институции.

Универзитетот „Гоце Делчев“ на оваа Конференција беше претставен од страна на актуелниот проректор за настава доц. д-р Кирил Барбареев и од претходниот проректор за настава проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска. Конференцијата се одржа во Словенија, а на неа присуствуваа експерти за високо образование од цела Европа.

- Интернационализацијата е повеќе од традиција и амбиција. Таа е потреба! Интернационализацијата во високото образование е повеќе од мобилност на студентите и професорите, таа е партиципација – учество во динамичниот свет во којшто живееме и рапиден развој на знаењето, креативноста и иновацијата. Таа е од круцијална важност за квалитетот во наставата, истражувањето и апликативната дејност. изјави доц. д-р Кирил Барбареев

Од Конференцијата произлезе и платформа со акциски план за 2015 – 2018 година што го усвоија присутните. Планот предвидува кодификација за практикување на докторските студии, односно начините на кои ќе се спроведуваат докторските студии и зголемување на нивниот квалитет. Понатаму планот предвидува надворешни ментори во докторските трудови, формирање на круг на експерти за евалуација на докторските трудови. Следната активност што се препорачува за универзитетите е анализа на истражувачките капацитети за докторски студии во регионот и анализа на финансиските капацитети на целиот регион. Следната активност е министерска конференција што треба да се одржи во 2016 година во Љубљана и во 2017 година во Подгорица.

Последен пат изменето на Четврток, 12 Ноември 2015 10:39
Share this article
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…